Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интервјуата за работа обично не се многу пријатно искуство за апликантите, но судејќи според приказните од еден бивш кадар во компанијата Space X, на технолошкиот бизнисмен и иноватор Елон Маск, разговорот за вработување кај него е посебен вид на кошмар.
Џош Боем за Business Insider раскажува дека компанијата не губи време додека ги интервјуира потенцијалните кандидати за вработување, па интервјуто знае да биде прилично непријатно. Тој открива дека понекогаш морал да користи непријатни стратегии за да го забрза разговорот со кандидатот за кој проценил дека не е добар избор за компанијата.
„Ако среде интервју знаеш дека нема да биде примен, ако кандидатот на некое прашање даде одговор кој ќе ти го промени мислењето за него, не треба да бидеш љубезен кон него и да го довршиш интервјуто. Мораш да го завршиш разговорот веднаш и да го испратиш надвор“, вели Боем и додава дека тоа некогаш знае да заврши како доста непријатна ситуација.
„Елон и Гвејн Шотвел велат дека сакаме само врвни таленти. Беше навистина тешко да пронајдеш луѓе и да ги доведеш таму“, истакнува Боем и додава дека тој процес знаел да биде фрустрирачки.
„Иако Space X си има стандарди, постапките и човечноста варираат од сектор до сектор и од тим до тим“, тврди тој.