Гвардиола не престанува да купува: Ова се јануарските трансфер желби!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Иако Манчестер Сити игра фантастично оваа сезона и е лидер во Премиер лигата, сепак Гвардиола смета дека тимот додатно треба да се засили во зимскиот преоден рок.

Каталонскиот стратег очигледно не е во целост задоволен од играчкиот кадар и има намера да донесе неколку засилувања во зимскиот преоден рок.

Мал проблем за „граѓаните“ претставува позицијата лев бек каде скапото засилување Бенџамин Менди се повреди и нема да игра уште неколку месеци. Исто така капитенот Винсент Компани е често надвор поради повреда, па Пеп сака да донесе и еден дефанзивец.

Најголеми желби за засилување на одбраната се Клемент Ленгле од Севиља и Инго Мартинез од Реал Сосиедад. Станува збор за едни од најдобрите дефанзивци во Примера оваа сезона, а Сити нема да штеди пари за да ги донесе на „Етихад“.

Покрај нив, на листата желби на Гвардиола е и Алексис Санчез, како и неговиот миленик од Баерн Минхен, Џошуа Кимих, но мали се шансите дека ќе успее да го доведе германскиот репрезентативец.