Амар од Индија цели 40 години живее со крената рака – еве од какви побуди


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Цели 40 години од својот долговечен живот Индиецот Амар Барати ги поминал со крената десна рака.

Како што тврди Амри, тоа го прави од религиозни побуди, бидејќи се одрекол од земските удопства во секојдневнот живот и своето постоење му го посветил на хинду богот Шива.

Мускулите од неговата десна рака се целосно атрофирани, а ноктите му се огромни и завиткани. Сепак, неговиот чин стана симбол на верата, па и други хиндуистички монаси го земаат како пример и се огледуваат на него.

Барати нагласува дека подигнатата рака претставува постојан поздрав и дека тоа го прави за мир во светот. Тој додава дека подигнатата рака значи и протест против насилството. Шива или големото божество е едно од трите најголеми божества во Индија, покрај Брама и Вишна, кои претставуваат свето тројство во хиндуизмот.