Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Судењето за предметот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство е одложено за 18 декември. Судот го прифати барањето на одбраната на обвинетите за визулено и тонско снимање на судењето.
Во овој случај обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Сите тие денеска беа присутни на рочиштето, пренесува Мкд.мк.
Со задоцнување од неколку минути од терминот кој судот го определи за старт на судскиот процес за „Траекторија”, Никола Груевски стаса во Основниот суд Скопје 1. Тој во судот дојде последен од останатите обвинети. Влезе од главниот влез, ја даде лична карта на судската полиција која му побара документ за идентификација и ја помина контролата на скенерот во судот. По ова, го даде капутот на обезбедувањето и влезе во големата судница во Кривичниот суд.
До 18 декември судијката Верка Петковска и судијата Горан Вошевски треба да обезбедат камера во судница како што бараат обвинетите. И во оваа постапка Груевски и останатите побараа да не бидат снимени во судница од медиумите. Груевски истотого бараше и во случајот со насилството во општина Центар. Снимателите и фотографите со одобренија од Врховниот суд влегоа во судот, но за кратко им беше кажано дека ќе мора да излезат од судот бидејќи обвинетите не сакале да се фотографираат. Груевски е на суд и утре за случајот со насилството во општина Центар.
Според СЈО, обвинетите во „Траекторија” во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги пречекориле своите овластувања. Со тоа тие нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра, а на компанијата изведувач ѝ овозможиле да се стекне со имотна корист.
Во изјава за медиумите Груевски ги отфрли обвиненијата за сличајот „Траекторија“ и рече дека сѐ што се работело било согласно законот.
„Јас и моите колеги обвинети сме за нешто што го правела во минатото и сега го прави владата на СДСМ. Во минатото имаме случај при изградбата на хидроцентралата Козјак на ист начин и во иста постапка Владата земала кредит од Кина и ја исфинансирала градбата на Козјак. Сега на ист начин се направи анекс на договорот и тој анекс помина на Парламент. За нешто што го прават и го правеле во минатото ние сме обвинети, па сега вие видете. Сѐ што направивме беше согласно закон и Парламентот имаше увид на сѐ и сето тоа го прифати. Гласаа сите пратеници, вклучувајќи ги и пратениците на СДСМ“, рече Груевски.