Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сите автомобилски фанови барем еднаш се имаат запрашано која е причината што дури и врвните модели на Audi, BMW и Mercedes Benz се ограничени на 250 километри на час во поглед на брзинската графираност, особено земајќи го во предвид фактот дека нивната родна Германија е една од последните легални оази кога станува збор за брзото возење по патиштата.
Gentlemen agreement е името на договорот по кој се водат трите водечки германски автомобилски гиганти. Во средината на ’80-те години од минатиот век овие производители сфатиле дека вложуваат огромни финансиски средства за секој нивни најнов модел да биде што побрз и помоќен, а на сметка на тоа често се занемарува безбедноста.
Тие се согласиле дека нивните автомобили, со тогашната технологија, не можат да бидат безбедни на брзини од 300 км/час, а со оглед на тоа дека владата немала намера да изгласа закон за ограничување на брзините на автопатиштата, трите гиганти одлучиле сами да си постават граница од 250 км/час.
Таа брзинска граница за нив, истовремено, е и доволно брза и доволно безбедна. Со тоа, фактички, на купувачите им рекле: „Еве ви автомобил, еве ви и автопати, возете колку сакате, само не побрзо од 250 километри на саат“.
Договорот за ограничување на 250 км/час први го примениле во BMW кога во 1987 година ја претставиле Серијата 7 Е32 со V12 мотор. Набрзо тој пример го следеле и Audi и Mercedes Benz, за разлика од Porsche кој во соопштение за јавноста објаснил дека тие произведуваат спортски автомобили, вложуваат во што подобри перформанси, па поради тоа ниту можат, ниту сакаат да бидат дел од договорот.
Во последниве години Gentlemen Agreement малку олабавува. Верзиите RS на Audi, BMW моделите со ознака М и моделите AMG на Mercedes на своите клиенти им нудат и таканаречени Performance пакети, во кои брзинските ограничувања ги подигаат на 280 или 300 км/час. Сите три производители се согласуваат дека во последните триесет години активната и пасивната безбедност на автомобилите доволно напредувала за ограничувањата на брзината да можат да бидат зголемени.