Уапсен лажниот „видовит Милан“: Од жртвите со лаги извлекол 3,3 милиони динари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Српската полиција го уапси 41-годишниот маж кој лажно се претставувал како попларниот забавувач Милан Радоњиќ, познат како Видовитиот Милан.

Српските медиуми пренесуваат дека во Мала Плана, кај Смедеревска Паланка, е упасен измамникот М.Ж. кој на своите жртви лажно им се претставувал како познат видовит човек и така од нив извлекол 28.000 евра.

Ги убедувал луѓето дека лекарите погрешно ги лекуваат

Белградски „Вечерње новости“ пренесува дека М.Ж. се претставувалкако „белиот маг“ и на луѓето им продавал наводно чудотворна „лековита вода“.

Осомничен е за кривично дело измама, а одредена му е и мерка притвор од 48 часа. Се товари и дека на огласите од едно списание се рекламирал како Видовитиот Милан кој од граѓаните ги трга  уроците и црната магија, убедувајќи ги дека „лекарите погрешно ги лекуваат“.

На тој начин измамил десетици луѓе. Се сомнева дека 315 пати побарал од граѓаните да му пратат пари преку поштенска уплатница.