Армина Мевлани, албанска ретро принцеза со жешки облини


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Армина Мевлани е фотомодел и бивша Мис Албанија од 2009 година, ТВ водителка, блогерка и бизнисменка.

Родена е на 6 јуни, 1991 во Тирана, а моментално живее и работи во италијанската престолнина на модата, Милано.

Армина има посетено многу земји, но вели дека југот од Франција е нејзина омилена дестинација за летните одмори.

26-годишната Албанка има дипломирано филозофија, а себеси се опишува како уметничка душа, сонувач и личност со добра смисла за хумор. Исто така, смета дека е забавна, искрена и верна, како и амбициозна во работата со која се занимава.

Кариерата ја почнала како ТВ водителка и уредничка на модно списание, а после тоа отвори своја продавница во која продава производи од различни брендови. Исто така, го води и блогот therebelheart.net, каде пишува статии за мода.

Армина истакнува дека три пати неделно практикува аеробик и танцува салса. Кога е во прашање исхраната, таа признава дека јаде буквално сè, но се труди нездравата храна да не биде секојдневие на нејзиното мени. Висока е 168 см, а тешка 56 кг.