Од кал да е, од Колумбија да е: Вивијана Кастриљон покорува со сексапил


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вивијана Виви Кастриљон е актерка и фотомодел со колумбиско потекло, која моментално живее во Мајами.

Оваа атрактивна и бомбастична Колумбијка на Инстаграм има над три милиони обожаватели кои неуморно и посветено ги следат нејзините провокативни фотографии кои таа секојдневно ги објавува.

Родена е во озлогласениот град Медељин, а нејзината кариера како модел ја почнала сосема случајно. Откако завршила факултет, одлучила да се пресели во Богота и ја придружувала една своја другарка на некоја аудиција.

Меѓутоа, наместо другарката, токму таа го привлекла вниманието, но одбила да излезе и да прошета на модната писта, бидејќи носела протези поради кои се чувствувала непријатно. Сепак, на инсистирање на организаторите на аудицијата, се согласила, а откако ги покажала своите атрибути, веќе наредниот ден добила понуда за работа. Од тогаш има работено за голем број модни агенции.

Кога станува збор за фатално убавите и заводливи Колумбијки на Инстаграм, од Виви повеќе обожаватели на оваа социјална мрежа имаат само Софија Вергара и Шакира.