Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Државната изборна комисија попладнево во 14 часот ќе одржи вонредна седница, потврди претседателот на Комисијата Алексанар Чичаковски за ТВ 24.
Се подготвуваат документите за да се повлече одлуката за бонусите што си ги доделиле членовите, но имало дилема и се разгледувало дали истото да важи и за службите односно како за нив да не се повлекува одлуката.
Ова доаѓа откако вчера американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли обелодени дека членовите на ДИК си доделиле четири просечни плати за сработеното по завршувањето на локалните избори и дополнителни пет плати за декемвриските парламентарни избори.