Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најстудено утрово е во Берово и во Маврово каде што се измерени -5 степени, а најтопло во Гевгелија со измерени 4 степени.
Под нулата утринава температурите се и во Лазарополе, Крушево и Ѓуриште -4, Крива Паланка -3, Виница, Пожаране, Куманово, Охрид, Тополчани, Прилеп и Петровец кај Скопје -2 и во Битола, Скопје, Претор и Струмица -1 степен. Нула степени се измерени во Штип, Дебар, Демир Капија и Тетово, а 2 степени во Дојран.
Во изминатите 24 часа нема врнежи на територијата на Република Македонија.
Во текот на изминатата ноќ преовладуваше променливо облачно време со умерен северен ветер. Во утринските часови имаше намалување на облачноста, а во поголемиот дел од земјава. Дуваше слаб до умерен ветер од од северозападен и западен правец, особено на повисоките места и планините.
Во текот на денот се очекува да биде променливо облачно со сончеви периоди и студено. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и во источните делови на земјава. Во планинските региони ќе има повремено зголемување на облачноста, со услови за провејување на слаб снег. Максималната температура се очекува да достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје слично време со слаб до умерен северозападен ветер и максимална температура до 7 степени.
Од среда до петок во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а дневната температури ќе бидат во благ пораст. Нови врнежи од дожд и снег се очекуваат за викендот но со послаб интензитет