Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кристијан Бејл веќе 17 години е во брак со Сандра Блажиќ, американска агентка со српско потекло. Сандра, чие вистинско име е Србослава, е дете на српски емигранти кои кон крајот на ’60-те години од минатиот век мигрирале во Америка.
Велшкиот актер со години се колнеше дека бракот не е за него и дека никогаш нема да се ожени, поради лошите односи во сопственото семејство во кое ниту еден брак не успеал. Но, сето тоа се смени кога ја запозна асистентката на Винона Рајдер, Сандра Блажиќ, која го заведе уште на правата средба.
Неговиот избор воопшто не го бендисала неговата мајка, како и сестра му, па Кристијан често се карал со нив поради тоа. Една од тие кавги кулминирала во хотелска соба кога Кристијан ги исфрлил од хотелот и двете и се одрекол од нив.
„Мојата сопруга е неверојатно силна жена. Таа неверојано јака и храбра, не трпи било какви глупости и затоа ја сакам. Како се однесувам дома, тоа секогаш зависи и од улогата за која се подготвувам или моментално ја играм, но на Сиби тоа и се допаѓа и мислам дека е кул. Тоа можете да го гледате на два начини – од една страна, некој би рекол: кутрата жена, сигурно не и е лесно да се носи со сето тоа. Од друга страна можете да и завидувате и да речете: каква среќница, во исто време може да биде со толку различни мажи“, вели Бејл за својата сопруга со коај во текот на овие 17 години брак ја добија ќерката Емелин и синот Џозеф.