Во Шутка, наместо дома: И Дамовски и Владо Јовановски во притвор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од Кривичниот суд стигна потврда дека Борис Дамовски и Владо Јовановски од куќен заминуваат во затворски притвор, пренесува Фокус.

-Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалба на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинителството и решенијата на судија на претходна постапка ги преиначи на начин што е уважен предлогот на обвинителството за определување мерка притвор и на осомничените Б.Д. и В.Ј. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, се вели во соопштението.