Ливерпул конечно ја одреди цената за Кутињо: Еве колку Барса треба да плати за Бразилецот!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Филипе Кутињо ова лето официјално побара од раководството да му биде дозволен трансфер во Барселона, па дури и тврдеше дека е повреден само за да не игра, но Ливерпил ризикуваше и го задржа во своите редови.

Иако таквиот потег беше ризичен за „црвените“ бидејќи не се знаеше како ќе реагура Кутињо и постоеше голема шанса да стагнира неговата кариера во Ливерпул. На среќа на клубот од „Енфилд“ Бразилецот и оваа сезона игра одлично и постигна 5 гола во 10 натпревари.

Сепак, клубот му ветил на Бразилецот дека во блиска иднина ќе му дозволи да се пресели во Барселона, а тоа може да се случи во јануари. Шпанските медиуми се сигурни дека Каталонците повторно ќе се обидат во зимскиот преоден рок да го донесат на „Камп Ноу“.

„Мудо Депортиво“ пренесува дека Ливерпул конечно ја одредил цената за Кутињо и ќе му дозволат да замине доколку Барселона понуди 145 милиони евра.

Ова би го направило Кутињо трет најскап играч во историјата на фудбалерот, а пред него ќе бидат само двете ѕвезди на ПСЖ, Нејмар и Мбапе.

„Мундо Депортиво“ тврди дека Барса не сака да плати толку многу пари за играч кој не може да настапува во Лигата на шампиони, но сепак Каталонците се спемни да понудат 110 милиони евра.