Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Адвокатот на поранешниот хрватски генерал Слободан Праљак, кој завчера си го одзеде животот пиејќи отров за време на изрекувањето на второстепената одлука во Хашкиот трибунал, за ХРТ изјави дека не знае како нејзиниот клиент дошол до отровот и како и го внел во судницата. Таа изјави и дека не видела кога тој го испил отровот.
Адвокатот Ника Пинтер за хрватската државна телевизија вели дека со Праљак разговарала само телефонски пред да го види во судницата.
Праљак го испи отровот, од кој почина неколку часа подоцна, веднаш откако судијата на жалбениот совет на Хашкиот трибунал соопшти дека советот ја потврдува првостепенета пресуда од 20 години за воени злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина во 1990-тите години.
Пинтер изјави дека безбедноста во судот е многу строга и дека „не гледа како ова можело да се случи“.
Таа вели дека обвинетите се внесуваат во судот преку посебен влез и се држат одвоени едни од други, додавајќи дека безбедноста е, исто така, многу строга и во затворскиот дел на трибуналот.
Пинтер, како што објави ХРТ, била испрашана од холандската полиција околу тоа дали знае што испил Праљак и како дошол до отровот.