„Поради родителите не се сметав за атрактивна – необврзувачкиот секс ми го смени животот“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Исповедните зборови на една жена од Канада, која тврди дека искуството со необврзувачки секс во целост го сменило нејзиниот поглед врз сопственото тело и сексуалност, експресно стана вирален хит на социјалните мрежи.

„Пораснав во семејство во кое сексот беше табу тема – ако за тоа не разговараме, нема ни да се случи. Бев прилично наивна што се однесува на сексуалноста, бидејќи едноставно не ја разбирав. А не ја разбирав бидејќи ме тераа да ја потиснувам“, вели на почетокот од својата исповед Шарлот Емелјанова, од канадски Лондон, во интервју за hercampus.com.

„Се смеев кога моите пријателки разговараа за дечковците со кои се мувале на забавите. Физички не можев да го изговорам зборот пенис, а да не поцрвенам како јаболко. Одвај се осмелував да го погледнам сопственото голо тело“.

Себеси не се сметав за секси девојка. Отсекогаш бев „слатко кукле“ – неискусна, се вцрвував кога некој ќе флертуваше со мене, никогаш не сум се бакнала со машко…Никогаш не сум мислела дека нешто не е во ред со мене, едноставно себеси никогаш не се сметав за привлечна на тој начин. Во тој животен период немав ниту едни танга гаќички, а камоли да помислам на купување на било каква секси долна облека. Едноставно не гледав смисла во тоа.

Но, сето тоа се смени после првата сериозна врска. Искуството со тогашниот дечко ме научи дека сексот не е забранета активност, како што некогаш ме учеа родителите. Сексот е интимен, но не треба да биде ограничен само на однос со љубовта на твојот живот. Може да биде еднакво забавен и опуштен и кога станува збор за необврзувачки секс. Сексот за мене сега претставува моќ, енергија и самодоверба.

Никогаш никој не ме одбил во кревет само затоа што телото не ми е совешено извајано. Ниту еден дечко не одбил да спие со мене бидејќи градите не ми се доволно големи. Но, она што е уште поважно е тоа што искуството со необврзувачкиот секс ми помогна да почнам да си го ценам своето тело. На крајот од денот сум свесна дека „витките“ на стомакот не ме прават ништо помалку сексапилна, бидејќи на себе имам долна облека од 27 долари и се чувствувам ебено добро“.