Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со поединечно гласање за секој пратеник посебно и со 5 гласа ЗА и 0 ПРОТИВ, Комисијата за мандатно имунитетни прашања го одобри барањето за притвор на шестемина пратеници за кои Кривичен побара симнување на пратеничкиот имунитет, пренесува Нова ТВ.
За Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски, судија на претходна постапка побара симнување на нивниот пратенички имунитет заради одредување на мерка притвор како осомничени за време на насилните протести на 27. април.
Претседателот на комисијата, пратеникот Павле Богоевски, ја отвори седницата, а во салата не дојдоа пратениците членови од ВМРО-ДПМНЕ. Богоевски констатираше дека има кворум. Во салата во Собранието не беа ниту пратениците кои се тема на дискусија, односно за кои се одлучуваше дали ќе им биде одземен имунитетот.
Според Деловникот на Собранието, откако ќе заврши комисиската расправа, за конечната одлука ќе одлучува Парламентот на пленарна седница.