Џеј Зи призна дека ја изневерил Бијонсе – еве која била причината за неверството


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Џеј Зи најпосле призна дека ја изневерил својата сопруга, славната поп дива Бијонсе, а дека не дошло до развод само благодарение на брачните советодавни терапии на кои оделе тие двајца после тоа. Пејачот си ја отвори душата во интервју за The New York Times.

Раперот тврди дека својата сопруга ја оттурнал од себеси поради рана од минатот, што на крајот довело и до неверство од негова страна.

„Мора да преживеете. Се префрлате во тој начин на преживување и што се случува тогаш? Ги затворате сите емоции. Дури и за жените, се затворате емоционално за да не можете да се поврзете со никој. Во мојот случај тоа беше доста длабоко. Оттука потекнува сè, вклучително и неверството“, вели славниот музичар и продуцент кој на својата сопруга на некој начин за неверството се извини со албумот 4:44.

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on

„Ја користевме уметноста како терапија. Почнавме да создаваме музика. А тогаш, музиката која ја правеше таа отиде понатаму. Нејзиниот албум излезе како спротивност на заедничкиот албум на кој работевме тогаш. Уште имаме многу од таа музика. Секогаш бев таму додека настануваше таа музика“, вели Зи.

„Најдоброто место во моментот на еден ураган е неговото средиште. Најдоброто место е во средиштето на болката. И таму седевме ние. Беше непријатно. И многу разговаравме. Бев навистина горд на музиката која ја направи таа, а таа беше горда на уметноста која ја создавав јас. И на крајот од денот, имавме почит еден за друг. Мислам дека таа е неверојатна“, објаснува пејачот, додавајќи дека биле многу блиску до развод.

„Знаете, повеќето луѓе си одат. Степенот на развод веројатно е околу 50 насто, бидејќи повеќето луѓе не можат да се погледнат самите себеси. Најтешко е да ја видите болката на нечие лице која вие сте ја предизвикале и со тоа се носите самите, треба да се трпите самите себе“, заклучува пејачот и додава дека во спасот на бракот многу им помогнале терапиите на кои оделе заедно.

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on

Бијонсе во април го издаде албумот Lemonade, на кој се поместени 12 песни според кои е јасно дека таа пее за неверството на својот сопруг. Во еден од стиховите говори за жена по име Беки, за која многумина претпоставија дека е љубовницата на Џеј Зи. Славната пејачка и раперот заедно имаат три деца.