Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пет решенија со определена мерка ефективен притвор и две со определен куќен притвор е официјалната одлука кој судот доцна синоќа ја соопшти по распитот на лицата приведени за „крвавиот четврток“. Останатите решенија и официјално соопштение од Кривичниот суд за другите лица, се очекуваат денес.
Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари откако судија на претходна постапка му одреди триесетдневен притвор.
Според официјалните информации од судот, освен на Чавков, притвор им е одреден и на полициските службеници Мунир Пепиќ и Оливер Радулов, како и на Игор Дурловски и уште еден прведен.
За две лица судот определи куќен притвор.
Пратеникот Крсто Мукоски беше пуштен по распитот и си замина дома.
Полицијата вчера приведе 24 лица на барање на Обвинителство во врска со насилниот упад во Собранието на 27-ми април. Уште 12 лица, меѓу кои и пратеникот Јохан Тарчуловски се недостапни.
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција издаде наредба за приведување на 36 лица за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.