Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Спектакуларниот нокаут на ММА борецот и воедно актуелен првак во К1 во „велтер“ категорија во Bellator, Рејмонд Даниелс (според combatpress.com моментално осми кик-боксер на светот, иако се натпреварува како ММА „фајтер“) од борбата во 2014 година во Денвер, според К1 правила, повторно стана хит на социјалните мрежи.
Фамозниот заден удар со вртење на Даниелс, со кој го нокаутираше Камерунецот Франсоа Амбанг, повтотно на големо се врти на интернет медиумите, и после три години од славната „тепачка“.
Нокаутот се случи нешто повеќе од една минута пред истекот на првата рунда. Ударот е навистина импресивен, бидејќи станува збор за потег кој бара владеење на серија боречка умешност и вештина. Ризичен е, тежок за изведување, грациозен и убиствен ако е прецизен.
Британските медиуми, меѓу кои и Mirror, во 2014 година го прогласија за нокаут на годината, а најдалеку со квалификацијата отиде коментаторот и бивш кикбоксер, сега угледен ММА тренер, Дјук Руфус (47), нарекувајќи го „нокаут на векот“.