Секси водителката е новото засилување на Ивица Дачиќ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јована Јеремиќ, водителка на српското реално шоу „Парови“, е новиот член на Одборот за надворешна политика, меѓународни односи и регионална соработка на Социјалистичката партија на Србија.

Како што открива самата Јеремиќ за „Блиц“, таа ќе ја анализира работата на српското министерство за надворешни работи, на чие чело е шефот на партијата Ивица Дачиќ, како и односите на Србија со другите држави.

Јелена тврди дека политиката, после телевизијата, е нејзината втора љубов, а дека е член на СПС веќе две години.

Јеремиќ, инаку, е дипломиран правник. „Жал ми е што не се активирав порано во политиката, бидејќи многу ја сакам. Но, ми беше тешко. Истовремено работев и на телевизија и учев по 10-12 часа. Ништо не ми падна од небо“, вели водителката.

Тврди дека досега нема разговарано со Дачиќ за надворешната политика.

„Има човекот попаметна работа, се бори за државата“, вели за крај таа.