Ердоган порачува: Нека докаже опозицијата дека имам сметки во странство и си давам оставка


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Истанбул изјави дека е подготвен да поднесе оставка доколку опозициската Народно републиканска партија успее да докаже дека тој има сметки во странство, јави турската државна телевизија ТРТ, а пренесе МИА.

„Ако можете да потврдите дека моите пари се во некои банки надвор од границата, јас ќе поднесам оставка од претседателската функција“ – изјави Ердоган.

Ова е одговор на обвинувањата на опозицискиот лидер Кемал Калачдароглу, кој на 21 ноември изјави дека членови на семејството Ердоган „имаат милиони долари во компанија со седиште во даночните раеви во странство“.