Близначки од Битола со импресивна дарба за цртање – еве како ги „кинат“ славните спортисти


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Се викаат Теона и Тијана Вучеви, 15-годишни близначки од Битола кои се неверојатно талентирани за цртање.

Двете тинејџерки, ученички во гимназијата „Јосип Броз Тито“, цртаат од својата шеста година. До денес имаат нацртано десетици цртежи, а инспирација наоѓаат во познатите спортисти.

Но, она што е интересно за двете сестри е што тренираат фудбал, па токму поради фудбалот решиле да цртаат исклучиво спортисти.

Цртањето на фудбалерите од големите светски клубови, но и на фудбалерите од нашата лига, како и на ракометарите од македонската репрезентација, е она што ги исполнува двете сестри гимназијалки.

„Првиот цртеж што го нацртав е со фудбалер од Реал Мадрид бидејќи сум голем фан на тој тим“, вели Тијана. За разлика од неа, нејзината сестра Теона својот прв цртеж му го посветила на својот татко за неговиот роденден.

„Луѓето се воодушевени од нашите слики, посебно кога ќе дознаат колку години имаме“, вели Теона.

Теона открива дека омилен цртеж ѝ е оној од фудбалерот Кристијан Тошевски, кој игра за ФК „Пелистер“ и за македонската репрезентација. Нејзината сестра Тијана, пак, за свој фаворит го смета цртежот на Бразилецот Лукас Фереира Кардосо, кој исто така игра во ФК „Пелистер“, но и ја следи на „Инстаграм“.

Извор: А1Он