Сака да ја напушти претседателската функција: Кадиров најавува оставка


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Чеченскиот претседател Разман Кадиров најави дека сака да ја напушти претседателската функција, бидејќи дошло време за промени во Чеченија.

Да се сноси одговорност за луѓето, за Репбуликата, пред Севишниот и пред раководството на државата е многу тешко, изјави Кадиров.

Според него тој ја завршил неговата работа да воведе ред во регионот и сега е време да напушти и ги отфрли тврдењата дека е уморен и дека не сака повеќе да работи.

– Сега имеме ред и просперитет. Мислам дека е време за промени во Република Чеченија, изјави чеченскиот претседател.

Кадиров смета дека следниот претседател треба да избран од руското раководство и народот и нагласи дека има неколкумина што совршено би ја извршувале функцијата.

Тој е претседател на Чеченија од февруари 2007 година, а претходно беше и премиер. Кадиров е син на првиот чеченски претседател Ахмад Кадиров.