Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имгур кој е многу популарен сервис за споделување фотографии, утврдил дека во 2014 година хакери украле податоци за 1,7 милиони корисници.
Наводно Имгур овој месец дознале дека во 2014 година биле компромитирани имејл адреси од 1,7 милиони корисници на овој сервис.
Шефот на операцијата Рој Сегал изјави дека Имгур не собира имиња, адреси или телефонски броеви од корисниците. И додаде дека „протекле“ само кориснички имејл адреси и шифри.
Компанијата го истражува овој инцидент и верува дека хакерите го пробиле стариот алгоритам кој се употребувал до 2016 година. Имгур сега има подобрена енкрипција на податоците од корисниците и уверуваат дека податоците се безбедни.