Доаѓа влажен и студен бран во Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Метеоролозите од Управата за хидрометеоролошки работи прогнозираат студен и влажен бран во Македонија со врнежи од дожд, снег и засилен ветер.

Утре под влијание на студен и влажен бран од северозапад времето во земјава, ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од дожд, а на планините со снег.

Пообилни врнежи ќе има во североисточните делови каде локално можно е да дува умерен и повремено засилен ветер од северен правец. На истокот од земјава, ќе биде студено и ветровито, со повремен слаб снег.

Слично време се очекува и во вторник а во среда мала преодна стабилизација, додека веќе во четврток ќе следува нов влажен бран.