Собранието изгласа од 1 јануари поскап дизел


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со 47 гласа „за“ и 25 „против“, Собранието ги донесе измените на Законот за акцизи со кој од 1 јануари ќе се зголеми акцизата на нафтата за три денари. Министерот за финансии, Драган Тевдовски, рече дека не се очекува никакво инфлаторно придвижување и дека јавноста може да биде мирна.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека целта на зголемената акциза не е за да се намали загадувањто, туку за да се наполни државната каса. Според нив, тоа најмногу ќе влијае на таксистите, земјоделците и останати категории граѓани.