Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бугарскиот премиер Бојко Борисов на социјалните мрежи објави видео од посетата на Водочкиот манастир Свети Леонтиј во Струмица, каде беше прекечан од македонскиот колега Зоран Заев, митрополитот на струмичкaта епархија Наум, како и други црковни великодостојници.
Заедничката владина седница ќе се одржи во Струмица, по која се очекува да бидат потпишани неколку документи за билатерална соработка во повеќе области, доаѓа по договорот за пријателство и добросоедство меѓу двете држави, како и по обидот на МЦП-ОА да обезбеди автокефалност преку бугарската православна црква.