Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација напредуваше за нови девет позиции на рангирањето на Светската фудбалска федерација (ФИФА).
„Црвено-жолтите“ по победата во пријателскиот меч со Норвешка (2-0) сега имаат 446 бода и со новиот скок од 9 места се наоѓаат на 76-то место на ФИФА ранг листата.
Македонија за само седум месеци успеа да напредува цели 90 позиции. Во март бевме на мизерното 166-то место, а денес во ноември сме на 76-то место, со надеж дека додатно ќе напредуваме.
На врвот на листата, нема помена кај првите пет, Германија е пред Бразил, Португалија, Аргентина и Белгија, следат Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле