Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според МВР, вчеравечер во околу 21,50 часот во полициската станица Кисела Вода, четириесет и петгодишниот Р.И. пријавил дека околу 21,30 часот неговата ќерка А.И.(19) му кажала дека на нејзиниот мобилен телефон и се јавило лицето Н.Х. (25) и ја прашал каде е нејзината 13- годишна сестра.
Пријавителот се јавил на телефонскиот број од кој била повикана А.И. по што Н.Х. му одговорил дека го зел девојчето и ја прекинал врската. По околу десетина минути на пријавителот му се јавил И.Х., чичко на Н.Х., кој исто така му кажал дека девојчето било кај нив и ја прекинал врската. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување на случајот.