ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР: Погледнете како Ратко Младиќ беснееше и беше отстранет од судницата во Хаг!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ е отстранет од судница поради коментирање на постапката. Советот на Хашкиот трибунал по паузата продолжи со читањето на пресудата.

Откако одбраната побара да се прекине пресудата бидејќи му се слошило на Младиќ, советот не го прифати барањето бидејќи од лекарите добиле информации дека Младиќ може да го издржи изрекувањето на пресудата.

Одбраната и советот се расправаа неколку минути, а за тоа време Младиќ стана, почна да дофрла и ги фрли слушалките. Почна да вика „Лаж, лаж!, по што беше отстранет од судница.

Судскиот совет на Хашкиот криминал го осуди поранешниот командант на војската на Република Српска на доживотна затворска казна.

Судскиот совет на Хашкиот трибунал денеска повтори дека во јули 1995 е извршен геноцид во Сребреница, но не и во осум други општини во источна Босна, како што се тврдеше во обвинението против командантот на армијата на босанските Срби Ратко Младиќ.