Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Овој брачен пар е сè, само обичен не. Се сакаат и се создадени еден за друг, но со еден мал детал – се гледаат и со други луѓе, на сексуален план. Сепак, имаат едно правило кон кое безусловно се придржуваат – се сексаат исклучиво кога и двајцата се присутни.
Кога Бредфор Атом (39) ја известил својата идна сопруга Ангела (38) дека сака нивната врска да ја издигне на ново ниво, морал да додаде уште една напомена.
„Реков: Она што го имаме е навистина посебно, мислам дека би требало да го направиме сериозно, но исто така мислам дека би требало да се гледаме и со други луѓе“, се потсетува тој. И додека Бредфорд го запрел здивот во исчекување на реакцијата на Ангела, таа испуштила воздишка на олеснување.
„Ох, фала му на Бога“, ми одговори. „Мислев дека сакаш да бидеме моногамни“. Помалку од една година после тоа, се венчаа на врвот од кањон надвор од Лас Вегас. Денес Бредфорд и Ангела живеат среќен живот како свингери во Сиднеј.
И двајцата биле во други моногамни бракови пред да се запознаат и заклучиле дека токму моногамијата им била најголемиот проблем.
„Сакавме да бидеме заедно, но сакавме да се гледаме и со други луѓе. Знаевме дека сме добри еден за друг, но и дека сакаме нешто повеќе од само меѓусебна љубов“, вели Бредфорд.
„Кога се преселивме во Сиднеј, не познававме никого и моравме да изградиме заедница околу себе. Поради тоа, донесовме свесна одлука дека нема да криеме кои сме и што правиме“, раскажува Ангела. „Сакавме да сме опкружени со позитивни луѓе кои се слични со нас, ништо не криевме и сето тоа ја олесни ситуацијата“.
Парот набрзо открил дека нивниот животен стил е многу попривлечен во Австралија отколку на југоистокот од САД. „Во Австралија, ако се заинтересирани, поставуваат прашања. Ако не се, тоа не ги интересира, не те осудуваат“, вели Бредфорд.
Бредфорд и Ангела, и двајцата бисексуалци, често се гледаат со други парови заедно, но понекогаш се случува и да се најдат сами со други луѓе. Но, тие се убедени дека нивниот животен стил не се однесува само на секс, туку и на интимни врски.
Тие се нарекуваат „социосексуалци“, што значи дека уживаат во длабоки односи со луѓето. „Нас не палат луѓе кои знаат да разговараат за паметни нешта, имаат добра смисла за хумор и кои уживаат во слични ствари како и ние“, вели Бредфорд за Daily Mail.
„Тоа дефинитивно создава пријателства со привилеги, ги категоризираме своите пријатели на оние со облека и оние без облека. Не сакаме да се сексаме со случајни ликови. Бараме длабоки односи“, додава Ангела.
Тие двајца вела дека „свингањето“ ги зближило уште повеќе, бидејќи се чувствуваат пријатно кога си раскажуваат еден на друг сè и сешто.
„Не мора ништо да криеме, можеме да бидеме целосно отворени во нашите расправи и однесување“, вели Ангела. „Не постои ништо за кое што не може да се разговара со него“.
Парот објаснува како токму таа отвореност ги штити од љубомора и кавги. Едно од нивните правила е дека никој од нив не може да доведе дома некоја друга личност додека другиот е надвор од градот, освен ако веќе не воспоставиле односи со дотичното лице.
„Нема еднократни врски. Не запознаваш некој во бар и одма го носиш дома“; вели Бредфорд. Иако ни Бредфорд, ни Ангела никогаш повеќе не сакаат да се вратат на моногамијата, тие се ценат меѓусебно повеќе отколку што ги ценат другите партнери.
„Безоглед натоа со кого сум сега, секогаш се враќам кај Ангела“, вели Бредфорд. „Толку многу го ценам односот кој го имаме. Никој досега го нема надминато, никој досега не бил за мене подобар ни физички, ни емоционално, од Ангела“. Бредфорд вели дека не стравува оти Ангела може да најде друг кој ќе го сака повеќе од него, но и обратно.