Зидан пресече – за овие 8 фудбалери нема место во неговиот Реал


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според информациите на шпанските медиуми, Зинедин Зидан составил листа од осум фудбалери на кои во иднина нема да смета.

Имено, Зидан веќе разговарал со претседателот Флорентино Перез и му го кажал своето мислење за расправиите и клановите во соблекувалната.

Медиумите во Шпанија веруваат дека Зидан ќе „преживее“ на клупата дури и ако не освои ниту еден трофеј, бидејќи Перез го смета како член на семејството. Доколку Французинот ја добие довербата, тој е решен да ја расчисти ситуацијата и на неколку фудбалери да им ја покаже излезната врата.

Некои фудбалери би можеле да заминат уште во јануари на позајмица, станува збор за Дани Себаљос и Лукас Васекез кои се жалат на малата минутажа.

За лето се спрема голема реконструкција, Бејл и Модриќ кои се најголеми противници на Роналдо се на продажба, а ќе заминат и резервниот голман Касиља, како и Ваљехо кој не го импресионираше Зизу.

Иако се во слаба форма сезоната, Зидан воопшто не го доведува во прашање останувањето на Роналдо и Бензема, а Перез ќе се обиде покрај голман, да доведе и еден стопер, како и една голема ѕвезда во нападот.

Планот е со заминувањето на Бејл и Модриќ поголема минутажа да добиваат Асенсио и Себаљос, таленти кои се сметаат како нивни природни заменици во тимот.

Во секој случај Перез планира ова лето да донесе едно големо име на „Бернабеу“, а медиумите лецитираат со неколку имиња, Нејмар, Дибала, Азар, Хари Кејн…