Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Виња Вик е луксузно одморалиште сместено на планината Колчагва во срцето на Чиле, опкружено со прекрасни планински пејзажи кои се вистинска храна, како за очите, така и за духовниот мир.
Уникатното луксузно сместување, панорамскиот поглед од вкупно 22-та апартмана, чилеанското вино и спа услугите ќе Ве натераат да се вљубите во тоа место на прв поглед.
Дегустација на ВИК виното во присуство на сомелиер е искуство коешто никој не би требало да го одбие, како и разгедувањето на чилеанската планинска природа, на велосипед или пак, јавајќи коњи.
За крај, не можеме да го игнорираме ни тоа што надворешниот изглед на ова здание е прилично футуристички, со што и пред да влеземе, не уверувва во својот раскош и единственост.