Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интернет гигантот „Alibaba“ дефинитивно го смени онлајн тргувањето и купувањето од дома.
Овој гигант наскоро ќе има и офлајн присуство откако се согласи да купи дел од најголемиот синџир на хипермаркети во Кина, за околу 2,9 милијарди долари.
Компанијата ќе добие 36 отсто од „Sun Art Retail Group“, која работи на околу 400 локации во втората по големина економија во светот, под брендовите „Auchan“ и „RT-Mart“.
Како дел од договорот, првиот ќе го зголеми својот удел во синџирот до исто ниво, објави „Блумберг“.
Договорот ја одбележува последната инвестиција на „Alibaba“ во традиционалната трговија.
„Sun Art“ е многу добар синџир на снабдување, а нејзината стратегија за трговија се чини дека е новиот тренд за онлајн гигантите“, вели Џулија Пан од шангајската „UOB Kayhian“.
Пред неколку месеци, американскиот ривал на „Alibaba“ – „Amazon“ го направи истиот чекор. Компанијата, предводена од Џеф Безос, го купи „Whole Foods Market“ синџирот за 13,7 милијарди долари.