Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По серијата препукувања преку медиумите меѓу Агенцијата за филм и „Јадран филм“, денеска на својот јутјуб-канал продукцијата ја објави забранета сцена од серијата „Македонија“.
Во моментот кога договорот со „Јадран филм“ е прекинат и отворена е предистражна постапка за тоа каде завршиле 1,2 милиони евра за првата сезона, од продукцијата денеска презентираа забранета сцена од серијата „Македонија“.
„После фантастичниот успех на трејлерот на серијата и огромен број на позитивните критики од сите сегменти на македонското општество и од сите страни на политичкиот спектар, дојде време за нова фаза во која се претставува една од сцените на серијата, и тоа оние забранетите. За сите вас драги гледачи, следат и нови сцени, со кои ќе ве воведеме во серијата Македонија“, пишува во соопштението на продукцијата.
Агенцијата за филм, односно в.д. директорот Горјан Тозија и „Јадран филм“ една недела полемизираат преку медиумите по одлуката на Владата договорот за серијата „Македонија“ да биде раскинат поради констатирани нерегуларности, за што се води предистражна постапка во обвинителство и финансиската полиција.
Од „Јадран филм“ тврдат дека серијата е снимена, но досега го презентираа само трејлерот и 49 секунди од, како што велат, забранетата сцена.