Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денеска Александар Диневски по налог на судот е вратен на издржување на казна затвор во КПУ Идризово од 3 години и 6 месеци. Тој е осуден за злосторничко здружување и шпионажа.
Диневски е еден од обвинетите во случајот „Шпион“, а неколку месеци беше на слобода, чекајќи ја одлуката на Апелацискиот суд, кој делумно ја потврди првостепената пресуда. Казните беа само намалени за неколку месеци.
Здравствената состојба на Диневски беше нарушена и влошена и по излегувањето од затвор каде што делумно веќе ја издржа казната затвор.
Информациите за враќањето на Диневски во затвор ги потврди и МВР.
Случајот „Шпион“ е еден од случаите за кој реформаторите на правосудниот систем во Македонија предлагаат измени во законот за можно повторно судење за случаи во кои политиката била и повеќе од дозволеното замешана.
Диневски е поранешен разузнувач, вработен во МВР.