И официјално: Серена Вилијамс стана госпоѓа Оханијан


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


36-годишната светски доминантна тенисерка Серена Вилијамс и ко-основачот на Reddit, Алексис Оханијан (34), и официјално формално стапија во брак.

Венчалната церемонија се одржа во Њу Орлеанс, а меѓу гостите беа бројни славни фаци како Бијонсе, Ким Кардашијан и Ева Лонгорија.

Тематската венчавка беше под мотиви од „Убавицата и ѕверот“, а гостите ја дознаа адресата на одржување на церемонијата дури на денот на самата венчавка, пренесува Daily Mail.

Свадбата, на која имаше околу 200 гости, беше одржана во Центарот за современа уметност, а цел градски блок наводно бил затворен поради венчавката.

Забавата чинела повеќе од 1 милион долари, а до гостите било побарано да не носат мобилни поради ексклузивен договор на брачниот пар со списанието Vogue.