Научниците откриваат што е огнената топка која се гледаше над САД и Европа


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Силно сјајната светлина на западното небо од Америка многумина ги збуни, па на социјалните мрежи веднаш се раширија серија коментари и „толкувања“ за потеклото на појавата.

Научниците, пак истакнуваат дека „речиси се сигурни“ дека во прашање е метеор. Камерата на градот Феникс го забележа овој момент, надлежните снимката ја објавиле на Твитер.

На видео-снимката се гледа како на небото се појавува нешто налик на голема светлосна кугла која експлодира и наеднаш исчезнува.

Во Друштво за изучување на метеори во Америка стигнаат извештаи од Аризона, Калифорнија, Невада, Ново Мексико и Јута.

– Врз основа на брзината и се друго со сигурност станува збор за метеори, а не отпад на вселената, рече Лоренс Гарви од Униеверзитетот Аризона.

Поточно, станува збор за болиа, истакнуваат од Друштвото за изучување на метеори на Америка, светлосен метеор кој поради преголемо загревање се распаѓа во атмосферата на Земјата. Бидејќи неговите делови согоруваат изгледаат како огнена топка.

– Не станува збор за нешто големо, можеби пола метар и по ширина, додаде Гарви.

Ник Московиц, астроном се согласи дека во прашање е помал метеор иако светлината била многу поголема.

– Метеорот најверојатно помал од човек, наведе Московиц.

Огнената топка исто така, предизвика паника меѓу населението и во Охајо и Аризона во САД, а во периодот од наредните десет часа од топките беа осветлени небо над Германија, Швајцарија, Италија и Франција.

Меѓународната метеорска организација прими илјада повици од наведените европски земји и од САД.

Според Јурген Рендел во прашање е дождот Тафрид, голем и светол метеор кој претставува најголемо случување откако Меѓународната метеорска организација почнала со работа.