Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ако денес некому му покаже среден прст, тоа е знак на најголемо безобразие и некултура. Но, дали знаете од кога луѓет го покажуваат овој симболичен гест и зошто?
Покажувањето среден прст е гест кој што се користи илјади години, а никој не може со сигурност да каже што значи оригиналниот „дрзок прст“, иако се претпоставува дека треба да претставува пенис.
„Средниот прст е пенис, а двата свиткани прсти од страната претставуваат тестиси. Тоа е фалусен гест“, вели познатиот антрополог, Дезмонд Морис за Би-Би-Си.
Прв пишан документ во кој што се споменува покажувањето на среден прст е во комедијата „Облаци“ на Аристофан во 424 година пред нашата ера. Во комедијата среден прст му се покаува на Сократ од страна на лик со името Стрепсијад.
Следен пример е од трет век пред нашата ера во книгата „Животите и мислењеата на познатите филозофи“ на Диоген Лаертиј. Гестот се појавува и во повеќе дела во времето на Римската империја.
Во средниот век нема пишани докази дека се користел, но очигледно гестот опстанал, а американскиот професор по право Ајра П. Робинс во 2008 години во трудот посветен на правните аспекти на покажувањето на средниот прст, забележал дека гестот во Северна Америка се употребувал од 1886 година.
„До пред 20 години средниот прст ништо не значеше во Јапонија или Кореја, а сега сите го знаат поради филмовите и сериите. Ако по Втората светска војна француската кинематографија станеше доминантна, ние најверојатно сите, наместо прстот би покажувале стисната рака“, заклучува професорот Бенџмин Берген.
„Коцкањето е легално, и кладењето е легално. Затоа јас се кладам“ – Мајкл Џордан