Со ИМЕ И ПРЕЗИМЕ: Еве кој гласаше дека Македонија има потреба од Законот за јазици!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со 66 гласови „за“, пратениците ја поддржаа потребата од носење на Законот за употреба на јазиците. ВМРО-ДПМНЕ се противи, тврдат дека понуденото решение е противуставно и дискриминаторско. За СДСМ, со законот се заокружува Рамковниот договор. Интегративците очекуваат да се донесе до крајот на годинава, БЕСА ќе поднесува амандмани.

Иако изгласана потребата од носење на Закон за јазиците, решението не обединува туку разединува, а Македонија ја прави бинационална држава- сметаат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која гласаше против овој закон. Илија Димовски од говорницата потенцираше дека законот за нив е дискриминаторски и дека ќе поднесат амандмани со цел да се одстранат слабостите. Освен од ВМРО ДПМНЕ за Законот не гласаа и двете пратенички од ДОМ кои се во коалиција со владејачката СДСМ.

Додека се чека ставот на Венецијанската комисија во однос на двојазичните банкноти и униформи, во ДУИ велат дека со Законот кој го унапредува албанскиот јазик се заокружува нормативниот дел од Охридскиот договор. Артан Груби најави дека амандманската расправа во Комисијата за европски прашања ќе се закаже на 22-ри ноември, на Денот на албанската азбука.

Иако гласаа „за“, во БЕСА не се задоволни од предложениот закон, бидејќи како што рекоа, не го официјализира албанскиот јазик како втор службен јазик и со амандмани ќе реагирале токму во таа насока.

Социјал- демократите велат со Законот за јазиците се заокружи Рамковниот договор во однос на човековите права и слободи. Велат дека завршува времето на меѓуетнички тензии, а со законот, граѓаните добиваат подобра иднина.

Во Комисијата за европски прашања, амандманите ќе се разгледуваат три дена, а расправата на пленарна седница ќе започне по носење на буџетот.

Еве ги со име и презиме сите кои гласаа дека Македонија има ’потреба’ да биде двојазична: