Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Фудбалска Италија доживеа дебакл и за прв пат после 60 години не успеа да се пласира на Светско првенство, што беше аларм за сериозни промени.
Покрај смената на селекторот Вентура која е веќе извесна, се најавуваат и промени во Фудбалската федерација.
„Скај Италија“ денес со голема сигурност пренесува дека легендата на италијанскиот фудбал, Паоло Малдини ќе добие фукнција во Федерацијата и ќе ги води промените во италијанскиот фудбал.
Наводно Малдини е блиску до договор со Федерацијата и ќе добие оперативна улога и голема моќ на одлучување, а тоа најверојатно ќе значи и назначување на Карло Анчелоти за селектор на „аѕурите“.
„Доколку се вратам во фудбалот тоа ќе биде или во Милан или во италијанската репрезентација. Други опции не ни разгледувам“, кратко прокоментира Малдини.
Јавноста и медиумите бараат смена и на претседателот на Федерацијата, Карло Тавекио, а главен фаворит за негов наследник е Деметрио Албертини.
Албертини – Малдини – Анчелоти е новата тројка која треба да го „рестартира“ италијанскиот фудбал.