Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Го јавнал Крали Марко, неговиот коњ Шарец и тргнал низ шумата. Но, што да се види, дрвјата откорнати, гранките искршени. Му се натажило срцето на Крали Марко и си помислил:
„Бреееј, тука изгледа поминал некој голем јунак, поголем дури и од мене“.
Продолжил понатаму, стигнал до една ливада, таму тревата разорана, цвеќињата смачкани. Му се натажило срцето на Крали Марко и си помислил:
„Бреееј, тука изгледа поминал некој голем јунак, поголем дури и од мене“.
Продолжил понатаму, ја видел Баба Рога со косата искубана, забите искршени, силувана, лежи и офка. Крали Марко се наведнал над неа и ја прашал:
Кажи ми бабо, кој е овој голем јунак кој беснее во шумата?
Баба Рога ги отворила своите модри очи, го препознала Крали Марко и му рекла со последните сили:
Да си жив и здрав бабе, колку си добар кога си трезен.