Виетнамски хакери тврдат дека го „излажале“ FaceID на новиот iPhone X

iPhone X

Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Виетнамски хакери тврдат дека успеале да го излажат читатот на лица на iPhone X, користејќи едноставна маска. За FaceID, читачот се тврдеше дека не може да биде излажан.

FaceID им дозволува на корисниците на смартфонот да го отклучат уредот со само еден поглед во дисплејот. Истражувачите и порано имаа забележано мали проблеми со технологијата која користи инфрацрвена светлина.

Сепак, она што го откриле истражувачите фрла сенка на технологијата на новиот iPhone X, кој чини преку 1.000 долари.

Од фирмата Бкав, демонстрираат ситуација во која е прикажано користење на силиконска маска, наместо вистинското лице на корисникот. Изработката на маската чинела 150 долари, и е изработена на 3D принтер.

Ова значи дека има голем пропуст во безбедноста на новиот iPhone X. Тој и не е баш безбеден за популарните луѓе чии лица се низ цела интернет мрежа. Со помош на тие фотографии, хакерите би можеле да направат детална 3D мапа на лицето. Потоа со ваков 3D принт да го отклучат iPhone X-от и да пристапат до многу приватни податоци.

Apple сеуште нема излезено со официјална изјава за случајот кој доаѓа од Виетнам.