Канаваро брутален: Нашиот фудбал го водат мумии!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Италијанската репрезентација за прв пат после 60 години нема да игра на Светско првенство, што е сигурно голем удар за една од најтрофејните нации во светот.

Незадоволството поради големиот неуспех сигурно ќе кулминира во наредните денови, а својата фрустрација на Инстаграм ја искажа помладиот брат на Фабио Канаваро, играчот на Сасуоло Паоло Канаваро.

„Луѓе, не го изгубивме Светското првенство денес, туку пред 15 години, кога луѓето кои вложуваат во фудбал почнаа да доведуваат промашувања од целиот свет во нашата лига и им ги крадат местата на домашните фудбалери“.

„Им овозможивме да ја почувствуваат славата, а за тоа се најзаслужни нашите тренери кои се најзаслужни на светот. Се надевам дека сега го допревме дното и дека ова е шанса да почнеме реформи во нашиот фудбал“.

„Збогум за мумиите кои го контролираат нашиот фудбал, дајте им простор на младите. Тргнете ни се од патот. Секоја чест на големиот Буфон кој можеше да стане првиот играч во историјата со 6 настапи на Светско првенство. Се надевам дека неговите солзи се последни кои се пролеани за нашиот фудбал“, напиша Канаваро.