Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За денеска е закажано ново рочиште во случајот на СЈО, „Труст“, во кој првообвинет е бизнисменот и сопственик на „ТВ Нова“, Сеад Кочан, откако претходното рочиште беше одложено бидејќи одбраната тврдеше дека обвинетите примиле само обвиненија, без листа на докази што ги предлага Специјалното јавно обвинителство.
Кочан заедно со Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ се обвинети дека ја злоупотребиле постапката за јавен повик, за доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. Станува збор за тендерот што во 2011 година го распиша државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола. Доставувајќи фалсификувани документи за сопственост на механизација и за кадровска екипираност, три фирми, задружени во конзорциум, го добиле тендерот на ЕЛЕМ, вреден 1,06 милијарди денари или 17.235.772 евра. Во „Труст“ се обвинети и три правни лица: „Транс Mет“ од Скопје,, „Силекс“ од Кратово и „Вато“ од Студеничани. Oбвинетите доставиле лажна документација во која прикажале наводна сопственост на тешка механизација за ископување, која ја немале и не ја набавиле, а таа што ја имале била со помал капацитет.