Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најпознатата српска старлета, Станија Добројевиќ, во реалното шоу во кое победи изјави дека Ана Каренина е нејзина „омилена поетеса“ која обожава да ја чита.
Типкава веќе некое време живее и работи во Америка, но за нејзиниот епски гаф повторно на големо се зборува на социјалните мрежи, каде се одново се шири насловната страна од „Svet“ кој ја пренесе нејзината легендарна изјава.
„Нема да ми верувате колку книги имам прочитано, толку што веќе немам што да читам, затоа сега пишувам своја книга од 500 страни“, изјави своевремено таа, додавјаќи дека најмногу сака да ги чита книгите од Ана Каренина. „Таа ми е омилена поетеса“, тврдеше Станија.
Сепак, тоа не им е проблем на нејзините над 560.000 фанови кои збеснуваат на нејзините Инстаграм фотографии, а таа себеси се опишува како „српска бомба, риалити ѕвезда и победничка, модел од насловните, млада економистка“.