Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Некои корисници на новиот смартфон iPhone X, пријавија проблеми со овој смартфон. Како што тврдат се појавила „зелена линија на смртта“ на екраните од скапо платените уреди.
Многу корисници на овој телефон на друштвените мрежи и на некои форуми разговараат за проблемите на новиот уред. Поточно се работи за танка зелена линија која се појаува на десната или левата страна на екранот на уред кој чини 1.000 долари. Проблемите се појавија само седум дена откако започна продажбата на овој уред.
Како што некои тврдат, зелената линија не се појавува одма после вклучувањето на смарфонот, но после краток период на користење спонтано се појавувала. Со овој проблем се соочија купувачите од САД, Канада, Полска и Австралија.
Apple врши замена на уредите бесплатно, но некои се жалат на тоа дека услугата оди многу споро. А исто така има и такви кои се жалат на иста линија на iPhone X, на горниот дел од страниците.