За 73 насто од Германците ОВА не е сексуално вознемирување


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сексуалното вознемирување како појава деновиве зазема друга димензија, откако на големо беше отворена „холивудската сексуална сага“ во која веќе не се знае кој сè за што го обвинува, сето тоа под превезот на сексуалната злоупотреба.

Во тој поглед, едно истражување за сфаќањата на широките маси за сексуалното вознемирување покажа дека постои широк консензус во западните и северните европски земји, но постојат и некои изненадувачки разлики.

Однесувањето кое секаде се смета за неприфатливо е ситуација кога мажот ги покажува своите гениталии, бара сексуално задоволство од некоја жена, фаќа жена за задникот или се обидува да фотографира под женското здолниште.

Компанијата YouGov во четвртокот ги објави резултатите од истражувањето кое опфати 8.490 испитаници од Велика Британија, Данска, Франција, Финска, Германија, Норвешка и Шведска.

Истражувањето покажа дека разликите во сфаќањата помеѓу межите и жените се различни од земја до земја.


На пример, зјапањето во женски гради предизвика различни реакции кај различни нации. Во Германија 73 насто од мажите и 58 насто од жените тоа не го сметаат за сексуално вознемирување, додека 57 насто Британки тоа го сметаат за неприфатливо.

Машкото кажување вицови со сексуална тематика за 67 насто од жените во Финска се смета за вознемирување, а во Франција процентот е 53 со тој став. Во Норвешка тоа мислење го делат 47 насто испитаници, додека во Шведска  38 насто, а само 17 насто од Данците тоа го сметаат за непримерно.

Резултатите од истражувањето беа во спротивност со некои генерални „предрасуди“ за одредени нации.

Французите, на пример, кои се доживуваат како нација склона кон кокетирање, беа построги за некои прашања од скандинавските земји Данска, Норвешка и Шведска.