Мисица загина во стравична сообраќајка со Ламборгини: Возел милионер со марихуански бизнис


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Мисицата Стефани Ривера Камарена почина откако беше дел од стравична сообраќајна несреќа во Сан Диего, во која скапиот Ламборгини во кој се возела се слупал во палма и изгорел на лице место.

Стефани почина два дена после несреќата, додека возачот починал на самото место на сообраќајката. Убавата Стефани, која во 2015 година ја понесе титулата Miss Earth Baja California, од силниот удар излетала од автомобилот и од тешките повреди починала подоцна во болница.

Од 26-годишната манекенка со мексиканско потекло се простија бројни пријатели и соработници. Ја опишуваат како харизматична и драга личност.

Луксузниот автомобил во моментот на несреќата го возел Мајкл Љамас (33), милионер кој се збогатил со бизнис со медицинска марихуана. Тој од силата на ударот починал на самото место на несреќата.

Љамас загина само неколку недели пред да ја чуе пресудата од сојузниот суд во случајотво кој тој измамил жртви за повеќе од десет милиони долари.

Полицијата изјави дека милионерот во моментот на несреќата возел пребрзо, со 160 км/час, кога изгубил контрола над возилото и се удрил во палмино стебло. Скапиот Ламборгини веднаш се запалил.