Изненадување: Маскерано се враќа на „Енфилд“?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден од најискусните играчи на Барселона, Хавиер Маскерано би можел на големо изненадување да се врати во Ливерпул, тврдат шпанските медиуми.

Оваа информација денес ја ланисраше „Диарио Гол“, а како извор го наведува неговиот најдобар пријател и соиграч – Лиоенл Меси.

Маскерано помина 3 и пол години на „Енфилд“ пред да трансферира во Барселона во август 2010 година. Тогаш Аргентинецот беше еден од најголемите миленици на фановите на Ливерпул.

33-годишниот Маскерано оваа сезона на „Камп Ноу“ има мала минутажа, па иако неговиот договор истекува во 2019 година, најверојатно на крајот на сезоната ќе ја напушти Барселона.

Покрај Ливерпул, кој е најголем фаворит за неговиот потпис, интерес за Аргентинецот покажуваат уште Јувентус и Пари Сент Жермен.